Македонија и Ерменија ќе играат пријателска во Струмица во октомври
Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17 октомври (вторник) на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15:00 часот.
За овој натпревар се зборуваше дека ќе се игра уште преед некој емсец, но дури сега е потврден. Македонија претходно, на 14 октомври игра на гости против Украина во ЕУРО 2024 квалификациите, додека Ерменија на 12-ти игра против Латвија на гости. Двете репрезентации се слободни во вториот октомвриски термин, па затоа договорија пријателска.
Добро е што ФФМ одлучи натпреварот да го организира во град различен од Скопје. Но, терминот во вторник среде работно време не е добар избор.
Последниот натпревар против Ерменија го одигравме на 11 ноември 2021 година во квалификаците за Мундијалот 2022. Тогаш во Ереван избраниците на селекторот Благоја Милевски славеа со убедливи 5:0.
Ерменија е репрезентација против која Македонија има одиграно убедливо најмногу натпревари во својата историја – 12, а овој ќе биде 13-ти. Во меѓусебниот скор Македонија има 5 победи, Ерменија има 4, а 3 натпревари завршија без победник. Гол-разликата е 20:17 во корист на Македонија.
Репрезентацијата на Македонија само со три репрезентации има одиграно двоцифрен број на натпревари. Најмногу се оние 12 со Ерменија, со Лихтенштајн имаме 11, а со Албанија 10.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…