Пендаровски ја правда одлуката за помилување на Бедри Зекири: Помилуван е само шест месеци, ќе лежи до 2027 година!
Бурни реакции и во јавноста и во медиумите предизвика одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го помилува Бедри Зекири, лице познато како член на нарко-картел. Одлуката на Претседателот беше објавена во Службениот весник, а по бројните реакции пристигна објаснување и од кабинетот на Претседателот од каде велат дека:
– „Лицето Бедри Зекири има поднесено молба за помилување за извршени 2 кривични дела – убиство во обид и учество во тепачка. Вкупната затворска казна му е 4 години и 11 месеци. Комисијата за помилување како соведотавно тело на претседателот Пендаровски едногласно му предлага на претседателот да биде помилуван за 6 месеци. Со ова помилување, лицето Бедри Зекири затворската казна ќе ја издржува до 2027 година“.
Според одлуката објавена денеска во Службен весник, Зекири делумно се ослободува од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, односно казната му се намалува за шест месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…