Голем удар за Украина: Забраната за увоз на украинско жито во Словачка ќе важи до крајот на годинава
Забраната за увоз на украинско жито во Словачка ќе важи до крајот на годинава, соопшти владата на таа земја.
Словачката влада ја продолжи забраната за увоз на пченица, пченка, семе од репка и сончоглед од Украина до крајот на годината“, се наведува во соопштението.
За потсетување, Европската комисија вчера одлучи да ги укине ограничувањата за увоз на овие четири сорти од Украина, но му нареди на Киев да воведе контрола на извозот.
Словачкото Министерство за земјоделство тогаш објави дека еднострано ќе ја продолжи забраната.
Истото го решија и Унгарија и Полска.
На крајот на март, премиерите на пет земји од Европската унија се обратија до шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со барање да се интервенира во кризата предизвикана од приливот на жито од Украина. Во писмото на премиерите на Полска, Унгарија, Романија, Бугарија и Словачка се наведува дека „проблемите се поврзани со значителното зголемување на понудата на украински производи на пазарите на земјите-членки на ЕУ, особено на оние кои граничат со Украина. “
Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка бараат од Европската комисија да ја продолжи оваа забрана барем до крајот на годината, посочувајќи дека испораката на украинското жито на нивните пазари по дампинг цени претходно им нанела голема штета на локалните земјоделци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…