Силен интензитет на македонско-американската одбранбена соработка
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Пентагон имаше средба со Мара Карлин, вршител на должноста заменик-потсекретар за одбрана на САД за одбранбена политика.
На средбата со Карлин, министерката посочи дека силната македонско-американска соработка ја зголемува безбедноста и ја зацврстува колективната одбрана во Алијансата.
Сојузништвото во НАТО не е само збор – тоа е наша најголема вредност. Заедно сме посилни и само заедно можеме да ги одбраниме вредностите и принципите во кои веруваме како држави и како општества. Драго ми е што сме целосно посветени на соработката во одбраната. Со американската поддршка за Армијата и македонските капацитети за извежбување ја развиваме интероперабилноста и вештините на секој наш припадник, порача министерката.
Како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска се заблагодари за поддршката од САД во процесот на модернизација и опремување и порача дека интензивните инвестиции во Армијата, кои се инвестиции и во безбедноста на земјата и на граѓаните, ќе продолжат и во иднина.
САД досега ја поддржаа македонската одбрана со 330 милиони долари од кои над 135 милиони се вложени само во последната година, а домашниот буџет за одбраната следната година ќе достигне 2 проценти од бруто-домашниот производ, од кои повторно како и годинава, голем процент ќе бидат наменети за модернизација и опремување – рече Петровска.
Министерката истакна дека Патоказот кој го потпиша со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин во јуни е документ кој ја исцртува патеката по која ќе се движи македонско-американската одбранбена соработка. Овој документ, рече, е доказ дека и двете земји остануваат силно посветени на засилување на интензитетот на заедничката соработка. Карлин посочи дека за САД, Македонија е посветен и докажан сојузник и дека американската поддршка во сите развојни процеси ќе продолжи и во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада воведува нови царини за американските производи
Канада од 8 септември ќе воведе царини…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…