Објавено на:

Илјадници Чеси протестираа во Прага барајќи оставка на владата

t

Илјадници Чеси денес се собраа во главниот град да бараат оставка на владата поради високите сметки за струја и инфлацијата.

Протестот ги обедини крајно десните и крајно левите популисти и беше трет ваков протест годинава во главниот град на Чешка, Прага.

Протестирачите извикуваа пораки и пароли до коалицијата од пет пратии, што се на власт, да си дадат оставка.

Лидерот на популистите Јиндрих Рајхл, ја обвини владата за слепо следење на наредбите од Брисел, и ја критикуваше поддршката на земјата за војната во Украина и за блиските поданички врски со САД, како што тој ги нарече.

Неговата групација од партии која се нарекува Закон, Респект, Стручнот, не е претставена во парламентот на Чешка.

Некои од демонстраните повикуваа за излез на Чешка од ЕУ и НАТО.

Протестите се собраа на плоштадот Венцеслас, а потоа почнаа со марш кон седиштето на Министерството за внатрешни работи во Прага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз…

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг…

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Амбасадорите на ЕУ се согласија да забранат…

Амбасадорите на Европската унија се согласија да…

НАТО функционер: „Северна“ Македонија во НАТО влезе…

Северна Македонија во НАТО влезе под уставното…