Русија го предупреди НАТО: Ќе преземеме превентивни мерки на Арктикот
Русија ќе одговори на зајакнувањето на воениот потенцијал на НАТО на Арктикот со низа мерки, меѓу другото и превентивни мерки, изјави за Спутник специјалниот пратеник на МНР Николај Корчунов.
Дипломатот ја истакна зголемената воено-политичка тензија на Арктикот поради Ќнеконструктивната политика на САД и нивните сојузници”, особено во контекст на руската специјална операција во Украина.
„Курсот кон зајакнување на воениот потенцијал на НАТО во овој регион, вклучително и преку влезот на Финска во алијансата и планираното вклучување на Шведска во него, укажува дека воените сценарија на НАТО за обезбедување на сопствената безбедност на северните географски широчини преовладале на сметка на безбедноста на другите земји“, рече тој.
Москва, предупреди Корчунов, ќе одговори на овие предизвици и закани „со збир на неопходни мерки, вклучително и превентивни, кои произлегуваат од задачите“ што Владимир Путин ги внесе во Концептот за надворешна политика, како и во Стратегијата за развој на Руската арктичка зона.
Според него, Москва ќе продолжи да ја промовира взаемната доверба на Арктикот во интерес на обезбедување стабилност, конструктивна соработка и дијалог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стејт департмент: САД немаат никаква улога во…
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател…
Зеленски: Украина контролира 74 населени места на…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави…
Русија тврди дека ја вратила контролата врз…
Русија тврди дека ја вратила контролата врз…
„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…
Русија ја обучила својата морнарица да насочува…
Путин го назначи својот поранешен телохранител за…
Рускиот претседател Владимир Путин назначил еден од…