Објавено на:

САД посредувал за договор помеѓу ММФ и Пакистан за заем во замена за оружје за Украина

t

Вашингтон беше лут на претходната влада на Имран Кан за својата неутрална позиција која ја водеше во однос на војната во Украина, објави Интерсепт.

Откако се смени власта во Пакистан и Имран Кан беше тргнат од позицијата на премиер, САД постигна договор за заем за Пакистан од ММФ во замена за испорака на оружје од Пакистан за украинската војска, објави Интерсепт во неделата. Медиумот цитираше извори кои биле запознаени со договорот, според кој Пакистан ќе добие заем од ММФ за испорака на различни оружја и муниција за Украина.

Според Интерсепт, на почетокот на годинава инсајдер во пакистанската војска протече воени документи од договорот помеѓу САД и Пакистан, кој бил договорен да трае од летото 2022-ра до протлетта 2023-та. Протечениот договор за купување на пакистанско наоружување за украинската војска бил посредуван од САД во замена за заем од ММФ за Пакистанската влада, која се соочува со голема економска криза, според пишувањето на Интерсепт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…