Путин: Руската економија се избори со санкциите од Запад и целосно закрепна, а БДП го достигна нивото од 2021 година

t

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека економската состојба во земјата во голем број клучни показатели е подобра од претходно проектираната.

Состојбата во економијата во моментов е стабилна и избалансирана, а во голем број клучни показатели ситуацијата е многу подобра од претходните проценки и прогнози, рече Путин на состанокот за нацрт-федералниот буџет за 2024-2026 година.

Путин изјави дека, спротивно на негативните прогнози, БДП би можел да достигне 2,8 отсто на крајот на годината.

– Првично се предвидуваше намалување на БДП, за во април да се проектира раст од 1,2 отсто. Веќе го надминавме тоа, а растот би можел да достигне 2,5, а можеби и 2,8 отсто до крајот на годината, рече Путин.

Тој истакна дека руската економија „се избори со невидениот надворешен притисок и целосно закрепна, при што БДП го достигна нивото од 2021 година“.

Loading…
– Општо земено, сега може со сигурност да се каже дека фазата на закрепнување на руската економија е завршена. Издржавме апсолутно невиден надворешен притисок од некои владејачки елити во таканаречениот западен блок, кои ги нарекуваме непријателски, рече Путин.

Тој наведе дека приходите на федералниот буџет од нафта и гас во јули и август се приближно на минатогодишното ниво и продолжуваат да растат.

Рускиот претседател ги задолжи владата и Централната банка да преземат мерки за поддршка на националната валута.

– Очигледно, еден од главните проблеми сега е поврзан со забрзувањето на инфлацијата, при што слабеењето на рубљата очигледно е клучен фактор. Неопходно е јасно да се разберат причините за ова и да се преземат навремени мерки. Убеден сум дека владата и Централната банка ќе го направат тоа професионално, рече Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристовски за „Екипа“: Рестарт и темелни реформи…

Министерот за спорт Борко Ристовски во интервјуто…

Трамп: Канада сама се уништува со неконтролираниот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

Зеленски: Украина е подготвена за прекин на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска пред…

Путин и Трамп веројатно ќе се видат…

Путин е подготвен да се сретне со…