Панчев: За Звезда минимален пораз кај Манчестер би бил еднаков на – победа!

t

Стартот од групната фаза од Лигата на шампионите, последна во историјата со сегашниот формат, носи возбуда кај сите фудбалски вљубеници на Стариот континент, а исклучок не е ниту Македонија, каде што во отсуство на наши клубови или фудбалери вниманието е насочено кон настапот на Црвена Звезда.

Црвено-белите вечерва ќе му гостуваат на актуелниот европски шампион Манчестер сити, меч кој за српските медиуми го анализира македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев.

„Шансите на Звезда против Манчестер сити објективно се многу мали. Сити е европски првак, има феноменален тим и секако е голем фаворит. Јас кога би бил тренер би играл со засилен среден ред и еден брз напаѓач, бидејќи мислам дека најдобриот дел од тимот на Гвардиола е средниот ред. Минимален пораз од Сити е еднаков на победа. Да се загуби чесно, а не со пет-шест гола разлика. Не е неуспех да се биде поразен од ваков тим, бидејќи тие се навистина фантастичен тим“, изјави Панчев за српски „Курир“.

Популарната „Кобра“ се осврна на играта на Ерлинг Халанд, кој исто како него во своето време е вистинска машина за голови.

„Халанд е исклучителен стрелец, кој зависи од добрата тимска игра. Ако тимот игра добро, ако создава, ако доминира, ако создава шанси, ако центрира, тогаш добар стрелец може да го претвори во гол на свој начин. Секако дека има начини да се чува, но околу него секогаш треба да има двајца играчи, бидејќи физички е исклучително силен и тоа му е една од силните страни. Секогаш може да држи еден играч на дуел, кога топката кружи околу шеснаесетникот и затоа е добро да има друг играч во близина за да може да реагира. Ќе биде тешко да се чува, но е можно“, дополнува Панчев.

Целото интервју со поранешната легенда на Ц. Звезда и некогашен најдобар стрелец во Европа може да ја прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов случај на западнонилска треска и во…

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…

Маж-монструм од Гостивар: Сопругата ја принудувал на…

На 16.08.2026 година полициски службеници од ПС…

Шумски пожар се шири на грчки остров…

Грчките пожарникари и денеска, втор ден по…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…

Во тек е спасувачка акција на повредено…