Кој ќе си легне на брашното? Британија притиска: Нормализација на односите меѓу Косово и Србија веднаш!
Велика Британија го поддржува и се приклучува на повикот што ЕУ го упати до Косово и Србија да се ангажираат конструктивно и искрено, без натамошно одлагање, во спроведувањето на преземените обврски и нормализација на состојбата во Косово и односите меѓу двете држави.
Амбасадата на Велика Британија во Приштина соопшти дека стои зад поканата на 27-те земји-членки на ЕУ за Косово и Србија, која претходно денеска беше објавена на веб-страницата на Европскиот совет, а во која високиот претставник на ЕУ за надворешна политика , Жозеп Борел, во име на Унијата, ги повика Србија и Косово да се ангажираат конструктивно и со добра волја, што значи отпочнување со имплементација на договорот врз основа на предлогот на ЕУ без натамошно одлагање и исто така ја вклучува обврската на двете страни целосно да ги исполнат сите досегашни договори постигнати во дијалогот.
„Велика Британија стои зад јасниот повик на 27-те членки на ЕУ до Косово и Србија да се ангажираат конструктивно и искрено без понатамошно одлагање“, се вели во објавата на Амбасадата на Обединетото Кралство во Косово на социјалната мрежа „Х“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…