Објавено на:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во посета на Иран

t

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска ќе го посети Техеран, јави иранската државна новинска агенција Тасним, наведувајќи дека рускиот министер ќе се сретне со високи ирански претставници.

Откако западните земји воведоа санкции кон Русија по избувнувањето на конфликтот во Украина во 2022 година, Техеран и Москва ги продлабочија своите билатерални врски, особено во сферата на воената соработка, наведува Ројтерс.

Откако официјален Вашингтон побара од Техеран да престане да ѝ продава дронови на Москва, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков минатиот месец изјави дека руската воена соработка со Иран „нема да потклекне под геополитичкиот притисок“.

Иран призна дека ѝ испорачал на Москва беспилотни летала, оградувајќи се дека тоа се случило пред избувнувањето на конфликтот во Украина во февруари 2022 година, додека официјална Москва негираше дека нејзините сили користеле ирански беспилотни летала за време на конфликтот во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Бела куќа: Иран би можел да произведе…

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…

Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…

Израел може да ги погоди сите нуклеарни…

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…