Мејер: САД, ЕУ и партнерите инвестираа милиони долари за спречување на корупцијата, но лекот е кај вас

t

 Претставници на 36 јавни претпријатија од Скопскиот, Полошкиот, Пелагонискиот и Источниот плански регион денеска во Скопје потпишаа Декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија.

Станува збор за проект реализиран во рамки на проектот „Поттикнување на овозможувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија” реализиран со финансиска поддршка на Амбасадата на САД.

Ерик Мејер, заменик-шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, во обраќањето пред потписниците на Декларацијата истакна дека погрешни се тенденциите за корупцијата да се зборува како за зараза или болест.

–  Можете да бидете малку болни, но не и малку корумпирани. Кога се опишуваат штетите во општеството настанати како последица на корумпираност, зборуваме дека таа ги поткопува институциите и го забавува напредокот. Не. Корупцијата е како булдожер што уништува се што ќе ѝ застане на патот. Дури и кога ја има во малите средини таа ги поткопува темелите на општеството во целина, рече тој.

Мајер истакна дека останува на граѓаните на Македонија сами да се справат со корупцијата и тоа на секое ниво, од политичарите, преку јавната администрација  до бизнисмените и на крајот кај самите себе.

–  Милиони долари САД, ЕУ и партнерите инвестираа во програми како оваа насочени за спречување на корумпираноста, но решението за проблемот лежи кај самите вас. Македонија не боледува од корумпираност, таа е здрава и способна нација што е на крстопатот кон иднината во ЕУ, но секој од вас треба да демонстрира дека му е доста од корупција, рече меѓу другото тој.

Со прогледувањето низ прсти или вртењето на глава и на најмалите коруптивни активности граѓаните на Македонија ризикуваат да ја саботираат иднината на својата земја и на наредните генерации.

–  Корупцијата е избор. Со потпишувањто на оваа декларација, вие избравте да бидете дел од решението. Го поздравувам вашиот денешен избор и го поттикнувам и лидерите на земјата и самите граѓани да направат избор што е најдобар за нивната иднина, рече Мајер.

Инаку, целта на проектот од кој произлезе декларацијата, е да се поттикне средината за пријавување корупција преку Законот за заштита на укажувачи,  на ниво на јавните претпријатија. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија од полноќ губи нешто повеќе од…

Од 1 јануари Унгарија трајно ќе го…

Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…

Американското Министерство за финансии објави дека кинески…

Рама: Целта на Албанија е членство во…

Премиерот на Албанија, Еди Рама оценил дека…

Од влезот во ЕУ, бројот на лекари…

Хрватска оваа година се најде на 26-то…

Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…

Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…