Моравјецки: Полска повеќе не испорачува оружје на Украина

t

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доцна синоќа изјави дека неговата земја повеќе не му доставува оружје на Киев, бидејќи се фокусира на сопственото вооружување.

Тој го изјави ова неколку часа откако Варшава „итно“ го повикала украинскиот амбасадор во знак на протест поради изјавите на претседателот Володимир Зеленски, кој ја критикуваше Полска и некои други земји во ОН поради ембаргото за украинското жито.

„Веќе не префрламе никакво оружје во Украина, бидејќи се вооружуваме со најмодерно оружје“, рече Моравјецки одговарајќи на новинарско прашање за воената и хуманитарната поддршка на Полска за Украина и покрај конфликтот со жито. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дачиќ очекува стабилен резултат, Вучевиќ верува дека…

Претставниците на владејачката коалиција во Србија по…

Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…

Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…

Излезни анкети и „Полимаркет“ предвидуваат победа на…

Според процените на платформата за предвидувања „Полимаркет“,…

Вучиќ: Ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата…

Александар Вучиќ, носител на изборната листа „Обединета…

Бугарија оди во втор круг: Јотова и…

Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…