Почина Александар Стиков, доајенот на македонското спортско новинарство
Почина Александар Стиков, доајенот на македонското спортско новинарство. Имаше 76 години.
Стиков беше роден во 1947 година, а целиот свој работен век го помина во Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио.
Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004.
Како уредник на Спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари и репортери. Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска програма „Спорт, музика, спорт“ и известуваше од седум Олимпијади и голем број европски и светски првенства.
Погребот ќе биде в петок (22 септември 2023 година) во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје (капела во 10 часот), а комеморативната седница во понеделник (25 септември 2023 година) во 11 часот во просториите на Македонската радио-телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…