Експлозија во Требиње: Во близина на болница експлодира бомба со тајмер
Непознато лице или група постави експлозивна направа до зградата на болницата Требиње, која експлодирала вчера попладне, но за среќа во него во тој момент немало луѓе. Според информации, се работи за рачно изработена експлозивна направа на која имало тајмер.
Од експлозијата била причинета материјална штета на зградата на болницата, а работниците на оваа установа и пациентите биле вознемирени од овој настан.
Пристапот до локацијата беше блокиран неколку часа.
Полицијата и надлежниот обвинител спроведоа истрага.
Дежурниот обвинител овој настан го окарактеризира како кривично дело предизвикување општа опасност, за што е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.
Полицијата кусо соопшти дека за овој случај е надлежно Окружното јавно обвинителство.
Од Обвинителството велат дека по спроведената истрага е утврдена мала материјална штета, дека земените предмети се испратени на вештачење и дека истрагата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…