Мареј: Ѓоковиќ има нешто што Надал и Федерер го немаа!
Врсникот и своевремено конкурентот на Новак Ѓоковиќ во првата четворка, Британецот Енди Мареј, сега како 41. тенисер на светот оддалеку гледа што се случува во врвот. Меѓутоа, фактот дека зад себе има две олимписки злата и три грен-слем титули му дава легитимитет да коментира за најдобрите.
Прашан за достигнувањето на Ѓоковиќ, за 24. титула од грен-слемите и генерално за неговата кариера, Мареј издвои нешто кое Србинот го издвојува од Рафаел Надал и Роџер Федерер.
„Тоа што Новак го постигна на Ју-Ес опен и во текот на целата година е неверојатно, да е способен физички ова да го прави и на 36 години навистина е импресивно. Мотивацијата и желбата кои ги има навистина се неверојатни, брилијантни. Роџер и Рафа имаа долги кариери, но ниеден од нив во оваа фаза на кариерата не играше така константно како Новак“, вели Мареј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…