Меси: Ќе играм на Копа Америка, за СП 2026 не знам – предалеку е!

t

Најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси уште еднаш повтори дека сѐ уште не знае и не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада, зашто предалеку е турнирот на кој Аргентина ќе го брани светскиот трон.

Аргентина е актуелен јужноамерикански и светски првак, откако во 2021 година во Рио де Жанеиро ја освои континенталната круна, а лани во декември во Катар стана светски шампион по 36 години пауза.

„Моментно ми е во фокус да играм на Копа Америка, а за СП 2026… Предалеку е тој турнир. Не можам ништо да кажам, во години во кои сум јас, не можам да размислувам толку далеку. Ќе видиме, ќе зависи од многу фактори, од тоа во каква состојба ќе бидам. Затоа одиме чекор по чекор, а моментно е во прв план Копа Америка, за за потоа ќе размислуваме понатаму“, рече Меси.

Меси од летово е дел од американски Интер Мајами, а САД ќе биде домаќин на Копа Америка идното лето, како и во најголем дел од мечевите на првото проширенот Светско првенство на кое ќе учествуваат 48 селекции, а Аргентина веќе ги почна квалификациите за одбрана на тронот со две победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…