Седете дома: Големо невреме викендов и опасност од поплави
На убавото и натпросечно топло време во Македонија му доаѓа крајот, што значи дека под влијание на Џеновски циклон, во недела и во понеделник кај нас ќе дојде до поголема промена на времето.
Метеорологот Славчо Попоски вели дека на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Поради загреаната атмосфера и тоа поради високите температури кои ги имаме овие денови, локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен јужен ветер (над 50/60 км/час), силни електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде покрупен. Најинтензивни врнежи за време на овој циклон ќе има во западната половина од државава (локално над 30 л/м2 воден талог). Од понеделник ќе биде и посвежо со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. И во Скопскиот регион очекуваме појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме. Апелираме во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја“, вели Попоски.
Инаку силно невреме овој викенд ќе има на многу места низ регионот, а можна е појава дури и на суперќелијско невреме. Постои опасност од поплави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температура до 22…
Во Скопје, сончево со мала до умерена…
Метео: Минусни утрински температури
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Сончево но студено време, максималната температура ќе…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…