Нова воена помош од 480 МИЛИОНИ ДОЛАРИ за Украина од Канада
Канада ќе обезбеди дополнителна воена помош од 480 милиони американски долари за Украина во следните три години, изјави денеска премиерот Џастин Трудо пред канадскиот парламент, за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трудо најави дека како дел од оваа помош, Канада ќе ѝ испорача уште тенкови Леопард 2 на Украина.
Дополнително, во Украина во текот на три години ќе бидат испорачани 50 оклопни возила, вклучително и возила за медицинска евакуација, што ќе ги прават канадски работници во Онтарио.
Зеленски во обраќањето пред пратениците ја повика Канада да остане покрај неговата земја до победа.
Ова е прва посета на Зеленски на Канада откако Русија ја почна својата инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Тој претходно говореше во канадскиот парламент преку видео-врска, но тоа беше на почетокот на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Провинцијата Алберта во Канада убедливо го отфрли…
Канадската провинција Алберта категорично го отфрли планот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…