Португалскиот МНР го охрабрил Османи да го смениме Уставот
На маргините на 78-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари средба со својот португалски колега, Жоао Гомеш Кравињо.
Министерот Османи се заблагодари за континуираната поддршка од Португалската Република на нашиот европски пат, потврдена и за време на португалското претседателство со ЕУ во првата половина на 2021 година.
„Република Македонија особено го вреднува проактивниот ангажман на официјален Лисабон преку тогашниот таканаречен “португалски” предлог, чии основни принципи и рамки се вградени во сегашниот европски пакет за нашите европски интеграции”, порача Османи.
Нагласувајќи ја потребата од задржување на европскиот моментум во интегративниот процес на земјава, министерот Кравињо истакна дека Португалија ќе ги продолжи заложбите за напредок во процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и ги охрабри сите политички чинители во Северна Македонија да ја трасираат европската иднина на граѓаните со донесување на неопходните уставни измени.
Министрите разговараа и за можностите од продлабочување на економските односи, меѓусебната поддршка во мултилатералните организации, со посебен фокус на нашето претседавање со ОБСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Македонското МНР со сочувство до Индија по…
Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…
Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…
„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…
Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…