(Видео) Македонците од Пустец со врела шлаканица за Софија: Кај има тука Бугари?! – Бугари во овој крај никогаш немало
НАШИНСКА
Да ни е да сме доста
колку да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине —
Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине —
Да ни е да сме мерата
колку да се прелееме
од колено во колено до кај истрајвекот —
Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден нè пребројуваат
Но ние сме како што сте како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!
Силната љубов кон татковината блика од секоја патриотска песна на Гане Тодоровски.
Љубов чиста, искрена, едноставна, љубов кон земјата, кон народот, кон историјата. Неговите песни кога и да се напишани, секогаш се актуелни, секогаш погодени, зашто кај нас иако многу се менува, ништо не е променето.
Секогаш актуелна ќе остане песната „Нашинска“ (од стихозбирката „Снеубавен ден“, 1974), зашто иако е мачно да се признае — сè е така, сè е вистина. Ние сме тука, на нашево парче земја, под небото, под Бистра и Кораб, едвај истрајуваме крај Вардар и Струма, и, да, малку сме, ама и тие малку на другите им пречиме, па сите на свој начин нè пробројуваат и прекројуваат. Но, и покрај сè, иако сме малку, ние успеваме да опстанеме, да преживееме, да продолжиме…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…