Макрон со свиткана опашка си заминува од Нигер
По пучот во Нигер, воената хунта на Нигер побара заминување на француската војска од земјата и го прогласи францускиот амбасадор за персона нон грата и му наложи да ја напушти земјата во рок од 72 часа. Макрон жестоко се спротистави на барањата на Нигер и рече дека Франција не ја признава новата власт на Нигер и нема да ги исполни нејзините барања.
По одбивањето на Франција да ги исполни барањата на властите во Нигер, властите ја блокираа амбасадата со амбасадорот внатре и не дозволуваа достава на храна, ја исклучија струјата и водата во амбасадата.
По еден месец Макрон со подвиткана опашка денес најави дека амбасадорот на Франција во Нигер ќе ја напушти земјата поради блокадата на амбасадата и дека француската војска етапно, но во целост ќе се повлече од базата во Нигер до крајот на годината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…