„Шолц се обидува да се меша во изборите во Полска“

t

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау го обвини германскиот канцелар Олаф Шолц дека се обидува да се меша во парламентарните избори во Полска следниот месец.

Обвинението дојде откако Шолц изрази загриженост дека Варшава, наводно, толерира нелегална визна шема за мигрантите кои доаѓаат надвор од ЕУ.

„Последната изјава на германскиот канцелар Олаф Шолц ги нарушува принципите на суверена еднаквост на земјите, што е еден од темелите на добрососедските односи и пријателската соработка со Полска“, напиша Рау на социјалната мрежа „Икс“.

Тој нагласи дека внатрешните работи на Полска се надвор од надлежностите на германскиот канцелар.

„Изјавите во врска со ова укажуваат на обид за мешање во внатрешните работи на Полска и во изборната кампања во земјата“, истакна Рау и го повика Шолц да го почитува суверенитетот на Полска и да се воздржува од изјави кои им штетат на односите меѓу двете земји.

Шолц претходно побара „објаснување“ од Варшава во врска со наводите дека полската влада толерирала илегална визна шема во која се вклучени мигранти од земји кои не се членки на ЕУ. Тој се изјасни за спроведување на дополнителни мерки на границата со Полска, а германското МВР го покани полскиот амбасадор во Берлин на разговор за тоа прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 16 часот гласале 56,6 проценти од…

На парламентарните избори во Србија до 16…

Адвокат и изборен набљудувач претепан во Белград,…

Адвокат и набљудувач на изборите во Србија,…

Брутално семејно насилство во Скопје: Маж со…

Скопската полиција уапсила 53-годишен маж поради сомнение…

Рекордно ниска излезност во Бугарија: Само 15…

Претседателските избори во Бугарија се одвиваат со…

Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…

Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…