Арсовска се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор во Македонија
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, со кој разговараа за изборот на Скопје за Европска престолнина на културата и соработката со австрискиот главен град.
– На средбата со новоименуваниот амбасадор на Австрија Мартин Памер, разговаравме за изборот на Град Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата и богатата програма под слоганот „Култура над поделба“ преку која Скопје ќе соработува со градовите и земјите од Европската Унија. Титулата на Скопје за Европска престолнина на културата е високо признание за секој град, затоа што културата зазема важно место во развојот на градовите и претставува двигател на урбаниот, социјалниот и економскиот развој.

Во насока на интензивирање на воспоставената соработка меѓу Скопје и Виена, Амбасадорот Памер ги истакна потенцијалните можности на полето на културата и културната размена, а се разговараше и за проектите од областа на урбаното живеење и цивилната заштита, кои се дел од следните активности со Виена. – напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…