Маричиќ се надева: Реално е да очекуваме проширување на ЕУ до 2030 година
Заради изборите во Европскиот Парламент постојат повеќе причини да се верува дека Европската унија мора да презентира јасен концепт и оти проширувањето е веќе јасно поставена тема, смета вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.
-Првенствено, војната во Украина ја натера Европската Унија да размислува постратешки во смисла на нови членки и второ е тоа што кредибилитетот на ЕУ за проширување е веќе сериозно ослабен, рече Маричиќ вечерва во интервју за 360 степени.
Верува дека е реално, како што истакна, да очекуваме дека до 2030 ќе има некаков вид на проширување.
-Убеден сум дека до 2030 ќе има нови членки. Знаете дека се зборува за реформи на Европската унија на начин како ќе функционира со поголем број на држави членки, но за се` има решение и аналитичарите и правниците и оние кои го познаваат политичкиот систем на ЕУ знаат и свесни се дека е возможно со извесни мали корекции во системот да се овозможи влез на нови членки, наведе Маричиќ. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…
Два случаи на семејно насилство биле пријавени…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…