Петровска на средба со командантот на Армијата на САД за Европа, генералот Кристофер Каволи
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска се сретна со командантот на Армијата на САД за Европа, генералот Кристофер Каволи.

Во пресрет на утрешната конференција на началници на Генералштаб на земјите од САД – Јадранската повелба, средба со командантот на Армијата на САД за Европа, генералот Кристофер Каволи, кој воедно е и командант на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО за Европа.

Разговаравме за безбедносната состојба во Европа, за придонесот на САД и Македонија во зацврстувањето на колективната безбедност на Алијансата, како и за развојот на соработката помеѓу Армијата на Република Македонија и Армијата на САД за Европа.

Се согласивме дека соработката е на највисоко ниво и ќе продолжи да се развива и во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…