Левица: Апасиев и Крмов се приклучија кон интерпелацијата против Републичкиот јавен обвинител – Љубомир Јовески
Левица известува дека двајцата пратеници на оваа политичка партија Димитар Апасиев и Борислав Крмов, се приклучија како предлагачи на Интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител на Република Македонија – Љубомир Јовески, која претходно беше поднесена од група од седум опозициски пратеници.
„Алармираме дека од поставувањето на чело на Јавното обвинителство на РМ, Јовески смислено и сервилно се стави во улога на ангел-чувар на крупниот организиран криминал, додека кривичниот прогон е резервиран само за ситните престапници. Неспособниот и сенилен Јовески, кој очекува како награда за неговата послушност кон корумпираните властодржци, да биде избран за судија на Уставниот суд – ја сведе оваа важна институција задолжена да се бори со криминалот, на карикатура која е приврзок на антинародниот хибриден режим предводен од СДС, ДУИ и ДПМНЕ“, велат од Левица.
„Дополнително, неговата поспаност во трагичните случаи „Дурмо Турс“, „Беса Транс“, Модуларна болница Тетово, Клиниката за онкологија и многу други – само ги потврдуваат впечатоците на јавноста дека дотичниот лик, кој никогаш во животот не застапувал обвинение пред суд, не е способен да ја врши оваа важна правосудна функција, па наместо него беше оставено истражувачки новинари да ја работат работата за која се платени истражителите и обвинителите – што е недопустливо.
Ги повикуваме сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат оваа интерпелација и заедно да ставиме крај на патернализмот на јавниот обвинител Љубомир Јовески кон мафијата, потпомогната од олигарсите и корумпираните функционери на власта.
Го повикуваме и собранискиот спикер Талат Џафери, што побргу да ја стави како точка на дневен ред оваа интерпелација, за да можеме – од собраниската говорница – аргументирано да продискутираме за сите негативни и штетни аспекти од неработењето на овој недостоинствен властелински послушник, кој не ужива никаков углед и професионален кредибилитет во кривично-правната фела“, се наведува во соопштението на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…
Два случаи на семејно насилство биле пријавени…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Курц: За десет години ќе живееме во…
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…