Кил првпат во Битола, може ли Пелистер дa парира?
Една од причините за неуморната борба на Пелистер да се врати меѓу европскиот крем се токму деновите како овој. Не може да биде поелитно од тоа да ви гостува Кил во вашата сала, па на битолчани е да уживаат во спектаклот кој претстои денеска од 18.45 часот.
За пеколната атмосфера и уникатното искуство нема дискусија, но ако треба да се зборува за резултат и однос на силите меѓу Кил и Пелистер – тоа е друга тема. Во досегашниот тек од сезоната актуелниот македонски шампион не покажа дека може да понуди нешто повеќе од само просечен отпор за гигантите од неговата група во Лигата на шампионите.
Досега загуби од Колстад со 23-32 во Битола и од Олборг со 23-38 во Данска, па не постојат многу аргументи во прилог на желбите вечерва да биде различно. Доаѓа Кил, четири кратниот првак на Европа, 23-кратен и актуелен на Германија.
„Кил е секогаш Кил, но не треба да влеземе во натпреварот со преголемо почитување. Тие се светска екипа и освојуваа многу титули. Треба да се бориме докрај и да се обидеме да извлечеме добар резултат, ако тоа е возможно. Пред домашната публика, која е меѓу најдобрите во светот, можеме да парираме и да се бориме до крајот“, изјави Урош Борзаш.
Тој е еден од новодојдените ракометари, кои досега имаат променливи изданија, впрочем како и целата екипа. Одигра одлично второ полувреме во Скопје, во поразот од Вардар, постигнувајќи пет гола за помалку од 30 минути, па потребен ќе биде во такво издание и денеска.
Кил ја отвори сезоната со три победи во Германија, по што следуваа два непријатни пораза од тимови кои не играат во ЛШ, од Фленсбург и од Мелсунген, но сето тоа беше пред да почне ЛШ. Во неа „зебрите“ славеа над Загреб како гости и (23-30) и дома со Пик Сегед (35-32), па порачаа дека се назад во вистински колосек.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти…
Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува…
Ренџери и полицајци три часа низ мрак…
Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци…
„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…
Во разговор зад затворени врати со висок…
Мицкоски: Како Влада постапивме експресно во случајот…
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од…
По грчката акција „Вардарис“ – истрага и…
Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за…