Денеска е Св. маченик Никита
Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст.
Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши. Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во кој маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар, Маријан, го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде му изгради црква на свети Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски: Потребна е политичка одговорност за инцидентот…
СДСМ повикува на одговорност, во врска со…
Нема докази дека малата Данка е убиена?…
И додека неофицијалните информации велат дека и…
(Видео) РУСИТЕ ГИ НАПУШТААТ ТЕНКОВИТЕ И БЕГААТ:…
Џими Раштон, аналитичар за безбедност и надворешна…
Црвена Младина го осудува вандализмот врз спомен…
Неидентификувани сторители ги уништиле икебаните и ја…
Хоспитализирани уште четири лица со голема кашлица,…
Во периодот од 2 до 8 август,…