Блинкен: Можна е средба Путин-Бајден
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека не ја исклучува можноста за средба меѓу претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин.
“Никогаш не вели никогаш. На крајот на краиштата, сите, почнувајќи од Украинците, сакаат праведен и траен мир. Да видиме дали некогаш ќе дојдеме до моментот кога тоа ќе биде можно“, изјави Блинкен одговарајќи на порталот „Атлантик“ на прашањето за можноста за средба меѓу двајцата лидери и за обновување на односите меѓу двете земји.
Тој додаде дека не станува збор за нова студена војна во светот.
„Не мислам дека сме во нова Студена војна. Но, ние сме во нова ера, бидејќи како што гледаме, ерата по Студената војна заврши. И сега сме во период на интензивна конкуренција да го обликуваме она што следува. Конкуренција која ги вклучува Русија и Кина во различни форми“, рече државниот секретар.
Блинкен истакна дека се надева дека „САД можат да бидат тие што во голема мера ќе ја обликуваат таа нова ера“.
Советот за безбедност на ОН денес се соочува со многу проблеми, а Соединетите Американски Држави работат на негово реформирање земајќи ја предвид моменталната ситуација, рече Блинкен.
„Советот за безбедност има бројни проблеми и ние работиме на нив. Ги водиме напорите насочени кон вистинска реформа на Советот за безбедност, за да бидат вклучени и други земји во неговата работа и тој подобро да ја отслика денешната реалност“, рече Блинкен, на прашањето дали Советот за безбедност на ОН стана бескорисен во ситуацијата со Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…