Ќе биде густо? НАТО одобри испраќање на засилување во Косово!
Советот на НАТО одобри испраќање на засилување на КФОР во Косово.
Одлуката на Советот на НАТО уследи по нападот на косовската полиција од страна на Србите во селото Бањска.
Советот на НАТО се состана за да разговара за ситуацијата во Косово. Како што беше соопштено, Алијансата „изразува длабока загриженост за растечките тензии на северот во Косово“.
„КФОР, мисијата на НАТО, го продолжува своето видливо и агилно присуство низ Косово. Секогаш ќе ги преземеме сите неопходни активности за да ја зачуваме безбедната средина и слободата на движење за сите луѓе во Косово. Ова го правиме во согласност со мандатот на ОН“, соопшти НАТО.
НАТО наведува дека од мај го зголемиле присуството и видливоста на КФОР.
„Советот на НАТО одобри дополнителни сили за справување со актуелната ситуација. Секогаш ќе се стремиме да обезбедиме нашиот командант да има доволно ресурси и флексибилност за КФОР да го исполни својот мандат. Остануваме подготвени за понатамошни прилагодувања за присуството на КФОР да биде соодветно“, соопшти НАТО.
КФОР ја продолжува блиската координација со сите релевантни учесници во Белград и Приштина, како и со ЕУЛЕКС, ОЕБС, мисијата на ОН на Косово и дипломатската заедница, се додава во соопштението на НАТО.
НАТО, исто така, ги повика сите страни да ја деескалираат ситуацијата и да се вратат на дијалогот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…