Објавено на:

Руски блогер доби осум и пол години затворска казна за критикување на специјалната операција во Украина

t

Рускиот суд го осуди блогерот Александар Ноздринов на осум и пол години затвор за публикација во која се критикува нападот врз Украина, пресуда која ја илустрира репресијата врз противниците на конфликтот, објави српски N1.

Ноздринов е прогласен за виновен за „ширење лажни информации“ за руската војска, што е член од кривичниот законик воведен на почетокот на руската офанзива во Украина, соопшти специјализираната невладина организација Нет Фридомс Проект.

Според невладината организација Меморијал, блогер од областа Кубањ на југот на Русија објави на Телеграм во март 2022 година фотографија од оштетена станбена зграда во Киев со иронична порака – „Украинските градови по пристигнувањето на ослободителите“ .

Ноздринов, кој набрзо беше уапсен и оттогаш е во истражен затвор, негира дека е автор на оваа порака, според истиот извор. Блогерот има и канал на Јутјуб, каде често ги критикува екцесите и прекршувањата на сообраќајната полиција.

Меморијал, главната руска невладина организација за човекови права, која и самата е цел на властите, рече дека го смета Ноздринов за „политички затвореник“.

Според невладината ОВД-Инфо, од почетокот на офанзивата во Украина, во Русија се уапсени околу 20.000 луѓе поради противење на војната, а некои се осудени на тешки казни.

Меморијалот изброи 601 политички затвореник кои во моментов се зад решетки во Русија.

Речиси сите главни противници се затворени, како што е Алексеј Навални, кој беше осуден на 19 години затвор, или избегале од земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…