Шолц се пожали: Премногу мигранти доаѓаат во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се вклучи во дебатата за илегалната миграција во Германија, кој рече дека е неопходно да се намали бројот на мигранти и оти е неприфатливо повеќето од нив да не се претходно регистрирани во некоја од транзитните земји на ЕУ.
„Во моментов бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија е превисок“, рече тој во интервју за медиумската куќа РНД.
Тој смета дека е недозволиво мнозинството мигранти да доаѓаат во Германија без претходно да бидат регистрирани во некоја од земјите на Европската унија.
„Дефинитивно, ситуацијата не смее да остане како досега. Повеќе од 70 отсто од бегалците кои доаѓаат во Германија не биле претходно регистрирани, иако сите поминале низ една од земјите на ЕУ“, рече Шолц.
Од досегашните мерки на федералната влада за намалување на приливот на мигранти, тој даде „целосна поддршка“ за подобра безбедност на надворешните граници на ЕУ и воведување шенгенски гранични контроли кон Швајцарија и Чешка, пренесува Танјуг.
Владата, исто така, како што рече Шолц, ги прогласи Грузија и Молдавија, од кои доаѓаат значителен број баратели на азил, за безбедни земји, што овозможува брзо враќање на граѓаните од овие земји во нивните земји на потекло.
Построг режим на гранична контрола беше договорен и со Полска.
„Се надевам дека овие мерки ќе придонесат за намалување на бројот на бегалците“, рече Шолц.
И покрај разликите во мислењата во неговата коалициска влада на социјалдемократите, зелените и либералите, тој рече дека неговата влада е целосно обединета во нејзиниот став дека нерегуларната миграција во Европската унија мора да се запре.
Во првите осум месеци од годинава над 200.000 лица поднеле барање за азил во Германија, што е зголемување за над 70 отсто во однос на истиот период лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…