(Вознемирувачко видео) Снимен моментот на експлозијата од терористичкиот напад во Анкара!
Во експлозија во главниот град на Турција утринава, која властите во таа земја ја окарактеризираа како терористички напад, двајца полицајци се полесно ранети, а напаѓачите се неутрализирани. Недолго по инцидентот беше објавено видео на кое се гледа доаѓањето на сторителите на местото на настанот и моментот на експлозијата.
На видеото се гледа како доаѓа автомобил пред зградата на Генералниот директорат за безбедност на МВР, од кој излегува бомбаш самоубиец, а веднаш по пристигнувањето пред влезот во зградата експлозивната направа се активира.
Турскиот новинар Рагип Сојлу го објави видеото на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, со образложение дека во моментот на пристигнување пред влезот на зградата, од возилото бил испукан истрел од лесно противтенковско оружје, кое најверојатно довело до експлозијата.
Во истиот пост има и фотографија од еден од повредените напаѓачи.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја набрзо по инцидентот ја потврди смртта на двајцата напаѓачи.
-Околу 9 часот и 30 минути (по локално време, оп.а.) двајца терористи кои со помало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција за безбедност на МВР, извршиле бомбашки напад. Еден од терористите се разнесе, а другиот терорист е неутрализиран. При пукањето на отворено двајца наши полицајци беа полесно ранети. На нашите херои им посакувам брзо закрепнување, рече турскиот министер Јерликаја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…
Размена на тешко ранети војници и можна…
На денешната средба помеѓу руската и украинската…