(Фото) Пожар во една од кулите „Џеваир“ во Аеродром
Пожар избил во една од кулите „Џеваир“ во Аеродром, дознава „Скопје1“. Станува збор за највисоките згради во Скопје. Случајот веднаш бил пријавен, но нема официјални информации колку простории и на кој кат биле зафатени.
Интервенирала скопската Противпожарна бригада, со неколку пожарникари.
Во моментот на пожарот, дел од станарите беа пред објектот.
„На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите “Џеваир” настанал пожар во кујната, додека во него не биле сопствениците. Притоа, противпожарниот систем се активирал и го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на лице место“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…