Ужас во Босна: Со огнено оружје убиен полициски инспектор!
Полицискиот инспектор Ненад Марковиќ е убиен синоќа во престрелка во Бјелина, а четири лица се уапсени под сомнение дека се поврзани со ова дело, пренесе „Блиц.рс“.
Убиството се случило синоќа по полноќ пред ноќниот клуб „Џил“ во центарот на Бјелина, БиХ. АТВ неофицијално дознава дека Марковиќ на излегување од клубот бил погоден од два истрели од огнено оружје, пренесува „Српскаинфо“.
На местото на настанот има голем број полицајци, кои по убиството го блокирале поширокиот простор околу местото на злосторството, а ги запреле и контролирале сите возила и случајни минувачи.
Во тек е истрага, која ја води дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бјелина. Се истражуваат точните околности на убиството.
Убиениот Ненад Марковиќ работел како инспектор во Полициската станица 2 во Бјелина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Москва со суптилно предупредување: Веруваме дека Белград…
Ја забележавме изјавата на српскиот претседател Александар…
Во Тирана уапсени дилери на дрога и…
Во акција на албанската полиција против шверц…
БОМБА од Запад! Лондон, Париз, Вашингтон и…
Велика Британија, Франција, САД, а сега и…
„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…
Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…