Објавено на:

Во Украина се гради прво подземно училиште

t

Украинскиот град Харков ќе го изгради првото целосно подземно училиште, за да ги заштити учениците од честите руски ракетни напади. Во градот веќе се одвива настава во станиците на подземната железница.

Источноукраинската метропола Харков, која се наоѓа во близина на границата со Русија, ќе го добие првото целосно подземно училиште, објави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов на Телеграм.

Според Техеров ваквото засолниште ќе им овозможи на илјадници деца во Харкив да го продолжат своето безбедно образование лице в лице дури и за време на руските ракетни напади.

Новото училиште, првата ваква зграда во земјата, ќе ги исполни најсовремените регулаторни барања во однос на заштитните структури, рече Терехов, без да даде детали за тоа колкаво ќе биде училиштето и кога ќе се отвори.

Додека многу училишта во регионите на првата линија на фронтот во војната во Украина беа принудени да одржуваат настава преку интернет, Харкив, организираше околу 60 посебни училници во станиците на подземната железнива пред почетокот на учебната година на 1 септември, создавајќи простор за учење за повеќе од илјада деца.

Вториот по големина град во Украина имаше повеќе од 1,4 милиони жители пред Русија да изврши инвазија во февруари 2022 година. Делови од градот се наоѓаат на помалку од 35 километри од руската граница и се цел на речиси секојдневни руски воздушни напади.

Во војната, на која не и се гледа крајот, илјадници цивили се убиени, а милиони се раселени, а според податоците на украинското Министерство за образование, 363 образовни институции се уништени низ целата земја, додека речиси 3.800 се оштетени. до Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Пожар избил денеска на територијата на Општина…

Лефков: Грижата на талогот од СДС и…

Венко Филипче како прв човек на СДС,…

Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…

Јас можам за прв пат да се…

Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…

Управата за финансиска полиција до Основното јавно…

Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…