УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВСКО: Загина 18-годишно момче во сообраќајна несреќа
Осумнаесетгодишник го загуби животот, а 23-годишно момче е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 21 часот и 30 минути на патот Пирок-Тетово кај Долно Палчиште. Починатиот и повредениот се од селото Синичане.
-Вчеравечер (2 октомври) околу 21 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Пирок-Тетово, во тетовско Долно Палчиште, патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки кое, според првичните сознанија од увидот го управувал 18-годишниот М.З. од тетовско Синичане, излетало од коловоз и удрило во столб. Во несреќата, М.З се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а сопатникот А.З.(23) од истото село со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција, информира СВР Тетово.
За два дена ова е втора сообраќајна несреќа во тетовско. Во неделата поради удирање во столб на автопатот Тетово-Гостивар, загина 18-годишно момче од Чегране.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силно невреме со град го погоди Охрид
Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…
Чупиќ нов тренер на Вардар
Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Не тргнувајте од Скопје кон Тетово –…
Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…