Шојгу: Руската армија значително го ослабна воениот потенцијал на украинските сили
Руската армија значително го ослабна воениот потенцијал на украинските сили и им нанесе сериозна штета, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Преку активни дејствија нашата армија значително го ослабна борбениот потенцијал на противникот и му нанесе сериозна штета“, рече Шојгу на средбата со лидерите на руските вооружени сили.
Тој додаде дека „во руската армија има доволно војници кои водат специјална воена операција и дека не се планира дополнителна мобилизација“.
„Нема дополнителни планови за мобилизација во Генералштабот. Вооружените сили располагаат со потребниот број војници за извршување специјална воена операција. За тоа во голема мера придонесува силниот патриотски однос на нашите граѓани кои активно ги пополнуваат редовите на бранители на татковината“, рече Шојгу.
Тој истакна дека стапката на смртност меѓу ранетите руски војници во болниците е 0,43 отсто и дека и натаму се намалува.
Министерот нагласи дека воените лекари покажуваат професионалност и храброст, изведувајќи операции кои ги спасуваат животите и здравјето на руските војници.
„Во непосредна близина на контактната линија се поставени теренски болници, со искусни хирурзи од централните медицински установи. Стапката на преживување на ранетите е неколкукратно зголемена. Благодарение на оперативната помош на бојното поле, навремената евакуација и високотехнолошката медицинска асистенција, над 98 отсто од повредените се оздравени“, рече министерот Шојгу
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами: Не сме за предвремени избори, но…
Градоначалникот на Тетово и еден од ко…
Германска државјанка пронајдена почината во хотел во…
МВР информира дека доцна синоќа во 23.40…
(Фото) Падна првиот снег во Македонија
Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…
Во Велика Британија ќе биде формирана единица…
Британскиот премиер Енди Барнам во говорот пред…
РУДАРЕЊЕТО ВЕЌЕ НЕ ЈА ЗАДОВОЛУВА ПОБАРУВАЧКАТА НА…
Бакарот е клучен критичен минерал чија растечка…