Пензионер со фолксваген голф прегази дедо
75-годишен возач со голф прегази 79-годишен пешак кој се здобил со тешки повреди.
На 02.10.2023 во 14.00 часот било пријавено дека на крстосницата на улиците „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(75) од село Вејце, тетовско, удрило во пешакот З.И.(79) од Тетово. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, соопшти полицијата.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово, дополнија надлежните власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер со украдено возило удрил жена и…
Обвинителството бара притвор за 18-годишник од Скопје…
Тешко повреден велосипедист во Гостивар
Вчера, во 15.50 часот, во СВР Тетово…
Хаос во Белград: Судар на автобус и…
Четворица се повредени во сударот меѓу трамвајот…