Србија да објасни што се случи во Косово
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Србија „мора да го објасни“ вооружениот напад на северот на Косово.
„Ова не се некои возбудени момци, тие се вооружени и обучени“, им рече Милановиќ на новинарите во Лудберг на прашањето за Косово.
На прашањето за можните санкции против Србија, кои вчера во Загреб ги побараа премиерите на Албанија и Хрватска, Еди Рама и Андреј Пленковиќ, Милановиќ рече дека не сака санкции кои не се прогласени од Европскиот совет, кој е задолжен за безбедност, бидејќи тие се „претвораат во терор“, објави регионалната телевизија N1.
Пленковиќ и Рама вчера го осудија убиството на косовски полицаец во селото Бањска, сметаат дека е неприфатливо властите во Белград да прогласат ден на жалост за смртта на напаѓачот и побараа мерки на ЕУ против Србија.
Хрватскиот премиер рече дека може да се донесат мерки на ниво на Европскиот совет, но и „автономно“, на ниво на Европската комисија, како што неодамна беше направено против Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…