Објавено на:

Ватикан: Жени првпат ќе гласаат на седницата на Бискупскиот синод

t

На жените првпат ќе им биде дозволено да гласаат на седницата на Бискупскиот синод на Римокатоличката црква, што почнува денеска во Рим.

Со потег без преседан, папата Франциск во април одобри измени на нормите со кои се уредува Архиерејскиот Синод, отворајќи им го патот на жените да имаат 54 од вкупно 365 гласови, пишува лондонски „Гардијан“.

„Ова е извонреден чекор напред за жените. Не само поради настаните од овој октомври во Рим, туку и затоа што црквата најде поинаков начин да биде црква“, изјави Марија Лиа Зервино, директорка на Светската женска опсерваторија.

На тринеделниот синод, што ќе се одржи зад затворени врати, ќе учествуваат стотици делегати кои ќе се осврнат на итните прашања со кои се соочува црквата – од улогата на жените до свештеничкиот целибат и благословот на геј паровите. Седницата ќе заврши со гласање за конкретни предлози кои потоа ќе му бидат претставени на папата на разгледување

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезеноста во Србија до 11 часот е…

Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…

ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…

Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…

Стритинг: Велика Британија мора да биде подготвена…

Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

(Видео) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БАРСЕЛОНА: УАПСЕНИ НАД…

Во Барселона во саботата попладне се одржаа…