Средното училиште „Панче Арсовски“ доби целосно реновирани спортски терени
Средното училиште на Град Скопје „Панче Арсовски“ по повеќе од 60 години добива целосно реновирани спортски терени, соопштија од Град Скопје.
Новата училишна година учениците ја започнуваат со пристап до новото кошаркарско игралиште, по минатогодишната реконструкција на фудбалскиот терен. Со изградбата на овие терени се заокружува спортскиот комплекс во училиштето кој им овозможува на учениците и наставниот кадар одлични услови за одржување на наставата по физичко воспитување, спортување и рекреирање, информираа надлежните.

Терените изградени по највисоки стандарди, им овозможуваат на младите спортистите кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци од училиштето да тренираат и да се надоградуваат, а заедно надворешните спортски терени, фискултурната сала и училишната теретана се пријатно место за дружење и спортување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…