Две можни сценарија по следните парламентарни избори
Има две можни разврски на случувањава во државата кои ќе следат по парламентарните избори.
Какви и да бидат резултатите на естаблишмент партиите во Македонија (многу веројатно дека ќе бидат тесни), меѓу кои клучни се ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ oвие партии ќе бидат исправени пред две опции.
Првата опција која за партиите (можеби не и за држвата) е подобра е правење на широка коалиција со цел решавање на сите проблеми кои овие партии ги имаат создадено низ годините.
Втората опција е овие партии полека и тивко да умираат, а нив да ги заменат некои нови дечки кои ќе мораат да ги решат проблемите наследени од гореспоменатите партии.
Сеедно предизвиците со кои се соочува државата мора да имаат разрешница, доволно време се правеше сметката сега некој ќе мора да ја плати. Дали сметката ќе ја платат со своето постоење или со надминување на своето его и поставување на потпорни ѕидови на темелите кои сами ги разрушија останува да видиме.
Сценариото кое го гледавме повеќе години во повторени изборни циклуси во Бугарија не ни бега, катарза мора да има. Прашањето е само како…
П.С. Навивачите на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул ќе бидат шокирани од изедначените бодови на табелата, а резултатите ќе бидат такви затоа што првотимците се тапа…
Фејсбук статус на новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…
Муцунски во работна посета на Литванија и…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…
Европската Унија ќе учествува со свои претставници…
Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…
Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…
Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…
Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…