Каракачанов прашува: Како „чистокрвната Македонка“ Солза Грчева родила син Бугарин?

t

Красимир Каракачанов од бугарското ВМРО му постави неколку прашања на кандидатот за општински советник од ПП-ДБ во Софија, Андреј Зографски.

-Мислите ли дека Бугарите се фашисти и татари? Дали Бугарија е фашистички окупатор на Македонија? Дали има македонско малцинство во Бугарија и дали Бугарија треба да го признае? Откако во 2019 година добивте бугарско државјанство, дали се уште сте државјанин на Република Македонија? – прашуваше Каракачанов.

Според Каракачанов мајка на Зографски е Солза Грчева,е македонска политичарка, поранешен пратеник во македонскиот парламент, позната по своите жестоки позиции против Бугарија. Според неа, таа самата е „чистокрвна Македонка“ и нема никаква врска со Бугарија.

-Како може чистокрвна Македонка да роди Бугарин? Како мајката води жестока антибугарска кампања во Скопје, а синот тивко се намести да владее со Софија, прашува Красимир Каракачанов.

Тој е убеден во правото на бугарските гласачи на информиран избор. Затоа го повика кандидатот Зографски да одговори на прашањата.

-Ваша должност е како кандидат за јавна функција да дадете какви било информации за вашите верувања и ставови. Не еднаш граѓаните на Македонија бараат бугарско државјанство и го добиваат, но наместо да и бидат благодарни на Бугарија, тие ја клеветат и навредуваат својата вистинска татковина, пишува Каракачанов.

Андреј Зографски, син на експратеничката и лидерка на партијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева, е кандидат за член во Советот на Софија на коалицијата ПП-ДП. Тој зборува течно на бугарски, дава телевизиски интервјуа, активен е и со политичката пропаганда. Синот на Грчева објавил дека живее во Софија, а дека е родум од Скопје. Од објавените фотографии може да се заклучи дека имал став и за македонската политика, односно дека бил контра политиките на Груевски. Од тоа што е јавно достапно, Зографски нема пишано ниту збор против навредите кои доаѓаа од Бугарија кон Македонија, ниту ја коментира актуелната политичка состојба помеѓу двете земји. (ДНЕС.БГ)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Ива Михаилова се појави и на БНТ…

По гостувањето во поткаст, во кое наведе…

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…

Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

„Нвидиа“ загуби 300 милијарди долари на отворањето…

Акциите на производителот на чипови паднаа за…