(Видео) Ние сме заглавени во хибриден режим, како може ДПМНЕ да ликува ако “нема” антивладино расположение?!
Ние сме заглавени во хибриден режим, тебе да ти протестираат десет дена, сите анкети да ти покажуваат дека народот е против Француски предлог, тие да изгласаат таков предлог, тоа укажува дека ние малтене сме диктатура. Сите порази СДСМ сакаат да ги прикажат како победи, вели во денешната епизода на Тешки маубети генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.
– За ова со Онкологија мене ми беше гнасно кога ги читав ботовите, не можеш ти да ликуваш дека народот не сака да излезе на протест за загубени човечки животи, пази, како партија од опозиција која се стреми да дојде на власт. Како можеш да ликуваш дека нема антивладино расположение?
Тој случај трае, уште од 2012 година има кривична пријава против тогашна директорка на Клиниката, Тодоров ја разрешува поради малверзација со набавка на лек. Истата личност денес е раководител на клиниката на Онкологија во време на СДС и ДУИ, која била кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Сметам дека и ДПМНЕ биле дел од тој колач.
Јасно е дека ова е најнеспособната гарнитура на СДСМ од осамостојувањето на државата, вели Мојсоска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…