Вистинска драма .. Се обидел да избега од полицијата, па удрил во столб
Вчера околу 17.00 часот на железничкиот премин на регионалниот пат село Миравци-село Давидово, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 40-годишниот П.Р. од Скопје затоа што во возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти од Сирија, извести МВР.
– Имено, претходно, на клучка Гевгелија на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање, но возилото продолжило со движење и се исклучило на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, каде што удрило во столб, по што застанало. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а возачот П.Р. бил фатен и лишен од слобода, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против П.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи ќерката на загинатиот скопјанец: Се…
Шеесет и осумгодишниот J.Н вчеравечер излегол од…
Левица: Пензионирани пилоти ќе гаснат пожари, пожарникарите…
Пензионираните пожарникари повторно ќе ја спасуваат Македонија…
ВЛЕН поднесува кривична за „намерна манипулација“ со…
ВЛЕН информира дека ќе поднесе кривична пријава…
Макрон му се јавил на Зеленски по…
Францускиот претседател Емануел Макрон, по вчерашниот телефонски…
Пекол: Од утре температури и над 40…
Под влијание на топла воздушна маса од…