Објавено на:

Германија испраќа уште војници на Косово

t

Германија на пролет следната година на Косово испраќа дополнителни 150 војници на Бундесверот, соопшти денеска Министерството за одбрана во Берлин.

„Германија останува силно ангажирана во Западен Балкан и особено во Косово“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократската партија на Германија СПД), коментирајќи ја одлуката за испраќање војници.

Тој објасни дека одлуката за испраќање дополнителни војници на Бундесверот како дел од мисијата КФОР на Косово нема никаква врска со актуелниот развој на настаните, туку е донесена уште порано, но додаде дека „Германија и нејзините партнери внимателно го следат развојот на ситуацијата во Косово“. Во соопштението за медиумите се наведува дека германската единица ги заменува припадниците на австриската армија, кои ја напуштаат мисијата.

„Доколку е потребно, можеме да ги засилиме нашите трупи во секое време“, рече Писториус. Во моментов, 71 германски војник се стационирани на Косово како дел од КФОР. Мандатот на Бундестагот дозволува ангажирање до 400 војници.

Дополнителните војници на Бундесверот, меѓу другото, ќе имаат јурисдикција во случај на потреба од задушување немири. На крајот на септември на северот на Косово се случи вооружен конфликт меѓу косовската полиција и бунтовничките Срби, во кој загинаа еден косовски полицаец и тројца локални жители.

Германија остро го осуди овој настан и двете страни ги повика на деескалација. Од Белград беше побарано да направи сѐ што е во негова моќ за да ја смири ситуацијата на северот на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…