Мишел “нѐ охрабрува”: Ако сте амбициозни може да бидете членки на ЕУ до 2030 година
Треба да го видиме вистинскиот напредок на земјите кандидати за членство во Европската унија и доколку се амбициозни и сакаат да бидат подготвени, можат да бидат таму до 2030 година, изјави вечерва претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
На прес-конференцијата што се одржа во рамки на самитот на Европската политичка заедница во Гранада, тој истакна дека подеднакво е важно земјите од ЕУ да бидат подготвени за проширување и дека одложувањето мора да се прекине, особено сега, кога има војна во Украина.
Тој нагласи дека земјите кандидати на Балканот мора да престанат да се чувствуваат како ЕУ да ги игнорира и како да се заборавени речиси 20 години.
Ако напредокот е видлив, одредувањето на датумот е всушност охрабрување за тие земји да работат, да се реформираат и да бидат подготвени, а тоа е од геополитичко значење и за Европа, рече Мишел.
Тој заклучи дека проширувањето на ЕУ значи создавање на Европа која ќе биде постабилна и побезбедна во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…