Хамас ќе ги разменува заробените Израелци за нивни членови во израелските затвори
За судбината на заробените израелски војници ќе се разговара по завршувањето на операцијата на Хамас „Потоп – Ал Акса“. Ова го изјави претставникот на движењето Хазем Касем.
„По завршувањето на битката во Ал Акса, ќе се одлучи за заробените израелски војници“, рече тој.
Претходно, портпаролот на израелските вооружени сили, бригадниот генерал Даниел Хагари потврди дека војниците на Хамас заробиле израелски граѓани и ги однеле во Појасот Газа. Не се знае точниот број на затвореници. Израел засега одбива да го потврди точниот број на цивили или војници кои се држат како заложници. Медиумите наведуваат дека најмалку 170 луѓе може да бидат заробени во Газа. Прес-службата на израелската влада потврди дека најмалку 100 Израелци моментално се во заробеништво во Газа. Дали ова се однесува само на војници или цивили не е објаснето. Експертите сметаат дека бројката е многу поголема.
Во вакви конфликти една е вистината, а друго објавеното.
Воено-политичкиот кабинет на Израел го одобри воведувањето на „клаузулата 40“ од основниот закон, што значи официјално објавување војна.
Според весникот Хаарец, бројот на загинати Израелци во конфликтот со Хамас е најмалку 600.
Најмалку 413 Палестинци загинаа, а 2.300 се ранети во Појасот Газа, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.
Меѓу убиените има 48 деца и 41 жена, според Министерството за здравство, чие седиште е во Газа, под контрола на Хамас.
Израелските одбранбени сили објавија дека најмалку 400 „палестински терористи“ биле убиени во Израел и во нападите врз Појасот Газа, пишува The Times of Israel.
Хамас тврди дека не станува збор за примирје со Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…
Двајца израелски војници се убиени во Јужен…